вторник, 16 април 2024

ЦУК:  8 активни пожари

Од вчерашните вкупно 22 евидентирани пожари на отворен простор, утрово осум сè
уште се активни.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот над село Селце веќе 5 дена е активен ии покрај тоа што вчера на терен гаснеа два хеликоптери од МВР и ренџерите од Национален парк Шар Планина со 10 луѓе, а и четири пожарникари од ТППЕ-Тетово.
Активни пожари има во село Гургурница (Општина Брвеница), помеѓу селото Сретково и селото Церово, кај одморалиштето „Бунец“ (Општина Маврово – Ростуше), а и кај село Горјане (Општина Врапчиште),
Гори и ка месноста Темна Бука, кон Китка и кај Кадина Река во Општина Студеничани, каде што гори високостеблена борова шума. Пријава за пожар има и во село Црвена Вода (Општина Студеничани).
Активен е пожарот над село Острец, на Баба Планина. Гори сува трева, лисја и гранки и нема опасност по населени места и Националниот парк Пелистер.
Синоќа избувнал пожар на отворен простор кај село Горно Јаболчиште во Општина Чашка каде што гори букова шума.
Во последното деноноќие биле изгаснати 14 од вкупните 22-те пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи и апелира и потсетува да не се пали вегетација на отворено, за редовно чистење на локалните одводни канали, а и да не се фрлаат отпадоци во нив.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ