ВМРО-ДПМНЕ: Нема да прифатиме договор со Бугарија, кој е штетен за Македонија

Премногу е предавства од владата на СДСМ. Нема да прифатиме договор со Бугарија кој е на штета на македонските позиции. Владата нема легитимитет да преговара, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема да прифатиме договор во кој нема да учествуваме како најголема политичка партија во Македонија. Преговорите не смеат да се водат на штета на македонските интереси, јазик, идентитет и историја.

Бугарија треба да покаже европски вредности, и да го тргне ветото, за Македонија без одложување да ги почне преговорите со ЕУ.

СДСМ не знае како да ја води државата. Со СДСМ Македонија ниже само понижувања“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се повикува на протестот за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред Владата.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе