ВМРО-ДПМНЕ: На ред дојде и Македонска пошта, новиот бонбона бизнис

Мафијата на власт на чело со Зоран Заев очигледно е тргната во целосна распродажба на Македонија. Последна во низата најави е продажбата на Македонски пошти. Откако ја ликвидираа Еуростандард банката преку кој се вршеше платниот промет, ликвидноста на Македонски пошти е во слободен пад. И сега мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мир, реагира ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната најава за подготвеноста на држжавата да ја продаде и Македонска пошта.

„Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба. Во оваа линија им е и намерата да го распродадат целокупното државно земјиште, која ја објави Зоран Заев и на тој начин да ја заокружат идејата за упропастување на Македонија. Економски ја клекнаа Македонија на колена. Над 40.000 лица останаа без работа, создадоа 1 милијарда евра нов долг, а во второто тромесечие бележеа пад на БДП од 12,7%. Сѐ што фати мафијата на власт или го искраде или го запусти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе