ВМРО-ДПМНЕ: На 18 јуни протест за уривање на Владата

На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се разгледа целата ситуација во која се наоѓа државата, оценето е дека СДСМ и ДУИ имаа доволно време да покажат што можат и умеат и да ја придвижат државата напред. Тоа не го направија, напротив, државата е уназадена, народот посиромашен, а криминалот е секојдневие. Од тие причини на 18 јуни, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира голем протест пред Владата за промени и пад на оваа власт, соопшти партијата.

„Констатирано е дека како држава заради неспособноста на оваа власт поминавме преку исклучително тешка здравствена криза, во која за жал одговорот на истата беше ненавремен, и неефикасен, со голем број на изгубени човечки животи на нашите граѓани.
Власта не понуди навремени и кредибилни активности и мерки за соочување со енергетската криза, а за која постоеше кредибилни информации дека ќе се случи.
СДСМ и ДУИ не покажаа адекватна способност за соочување со економската и финансиската криза, придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација кои удрија со максимален интензитет и целосно го соборија стандардот на граѓаните и ги зголемија трошоците на работење на компаниите.
Откако се на власт јавниот долг на државата се зголеми енормно, и од 4,7 милијарди во 2017 година, сега истиот изнесува над 7,2 милијарди. Ништо не е изградено, а странските инвестиции се на исклучително ниско ниво.
Дебакл има и на меѓународно поле. Неефикасната и неодговорна дипломатија не ги исполни дадените ветувања за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Најголем кратер има во правосудството, исто и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуваат кредибилни забелешки.
Сето тоа е пропратено со високиот степен на корупција, која се уште претставуваат суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите на државата и политичарите.
За  крај неспособноста на оваа влада однесе многу животи, и за тоа секогаш никој не е одговорен. Инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија.
Протестот е повеќе од неопходен. Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и сите заедно да ги донесеме промените. Премногу е! Ова е протест за промени“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе