Партиска реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска одржа прес-конференција не за Мицкоски, туку за Спасовски

„Не сакаме да навлегуваме во внатрешните односи на СДСМ и прес конференциите на Кузеска, но очигледно е дека нема водач во бродот кој тоне, СДСМ. Како тоа Кузеска зборува за рекет на ВМРО ДПМНЕ, кога ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција. Тогаш ако тоа е точно, што прави МВР на Спасовски? СДСМ е партијата која го воведе Рекетот во политиката. Кузеска требаше да излезе и да каже каде се осумте милиони евра кои завршиле, според осудените во овој случај, во рацете на Вице и Зоран Заев“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кузеска.

ВМРО-ДПМНЕ наведува во реакцијата дека е добро да каже Кузеска каква е поврзаноста на партијата со агенцијата НИКОБ чии вработени се осомничени за насилен рекет.

„Каква е поврзаноста на бандите од Грчец и наркотрговијата со полицијата на Спасовски? Причината за ваквите прес конференции може да се гледа единствено од нервозата поради слабиот рејтинг што се потврдува со сите релевантни анкети“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе