ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски треба да дозволи да се провери неговата деловна способност

Дезертерот Ковачевски веќе не знае што и како зборува. Колку повеќе јавноста се интересира за тоа како го одбегнал воениот рок со дијагноза трајно неспособен, тој станува повеќе нервозен и жолчен. Очајните испади и навреди се резултат на тоа што веќе јавноста виде со каков дезертер и лажов си има работа, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Еднаш ја лажеше јавноста дека заради школувањето не служел војска, па после дека имал серија хируршки интервенции, па сега дека имал проблем со стомакот.

Што од сето ова е точно или сето ова е лага.

Единствено кое е вистина е дека дезертерот Ковачевски има тапија за трајна неспособност. Вистина е дека кога илјадници беа на првите редови на одбраната на суверенитетот на Македонија, Ковачевски избегнал служење на воен рок. Вистина е дека безочно ја лажеше јавноста и вистина е дека постојат основани сомненија дека трајната неспособност може е и деловна неспособност, што мора итно да се провери. Впрочем и во неговата партија веќе се сомневаат во него, па почнуваат да му даваат совети за ориентација.

Наместо да се пенави врескајќи и навредувајќи од говорници, Ковачевски треба да ја прифати вистината за тапијата за трајната неспособност и да дозволи да се провери дали таа влијае врз неговата можност на нормално вршење на премиерската функција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе