Вечер во 18.30 часот

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира против злоупотребата на европски пари

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи нов протест, овојпат против злоупотребата на европските пари. Протестот ќе почне во 18.30 часот пред СЦ „Борис Трајковски“ и со возила до пред канцелариите на Секретаријатот за европски прашања.

„Веќе три години се читаат и слушаат скандали во медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а Јавното обвинителство и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот во кој 270.000 евра ѝ беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот, каде што се доделени 83.000 милиони евра за тренирање хрватско магаре. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се стави стоп за злоупотреба на европските пари“, соопшти партијата.

Генералниот секретар на партијата Ѓоргија Сајкоски на својот фејсбик-профил напиша дека има и многу други причини за протест против злоупотребите и неспособноста на власта. „Сакам да се извинам на илјадници граѓани, членови и наши поддржувачи кои имаа намера да ни се приклучат, но нема да дозволиме да бидеме изговор за оние кои се причина за неуспехот во борбата против заразата, а тоа е власта. Затоа одлучивме да го заштитиме здравјето на граѓаните и наместо класичен протест да оствариме протест со автомобили против злоупотребата на европските пари“, напиша Сајкоски.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе