„Тендерот за набавка на нафта за ЈСП секогаш имал вклучен рабат од 6 денари. Дури и во времето на Шилегов. Сега со Арсовска нема. Што се сменило сега во однос на години претходно? Нафтата се набавува на големо, а не на бензинска. А, цените кои ќе ги плаќа ЈСП според договорот за набавка тежок 27 милиони евра, се исти како во малопродажба.
Секој поголем потрошувач на горива добива рабат, тргнувајќи од транспортери до превозници. Само ЈСП, кој е најголем директен потрошувач во државата плаќа за 14,5 милиони литри како да купува 50 литра.
Ваквиот договор со кој се сомневаме дека ЈСП се оштетува за над 1,4 милиони евра е потпишан од Александар Стојковски, директор на претпријатието, кадар на СДС.
Дали е точно дека нема попуст затоа што има провизии? Која е улогата на блискиот сметководител на Данела Арсовска од Ѓорче Петров Драган Митковски Книга? Дали и во чии приватни џебови завршија провизиите од попустот кој го нема? Дали Драган Митковски Книга е главниот кадровик во Градот Скопје и ЈСП? На кого треба да припадне приватниот превоз во градот Скопје?
Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.