Во партиското соопштение се наведува дека инфлацијата сите ја чувствуваат и дека таа го јаде животниот стандард на народот.
„Неуспешното справување на оваа Влада со инфлацијата може да се согледа во фактот што сличната инфлација од 2008 година никој не ја памети. Тогаш, вистинскиот раст на платите, даночните реформи со кои се зголеми расположливиот доход на населението и фирмите, намалувањето на придонесите и многу други успешни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го задржат животниот стандард на граѓаните и да не ја чуствуваме инфлацијата. Сега, имаме погубна севкупна маркоекономска политика и е време за избори“, се вели во соопштението.