ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во дуел за мостот АСНОМ во скопски Аеродром

За СДСМ нема ништо спорно со новиот мост на реката Вардар во скопската населба Аеродром, проект почнат за време на поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов. ВМРО-ДПМНЕ смета дека е тоа дел од мегаломанските и недовршени проекти на „расипникот Шилегов кој го остави Градот Скопје со долг од 160 милиони евра“.

Данела Арсовска првите два месеци од мандтот ги помина неработејќи ништо и нанесувајќи им штета на граѓаните на Град Скопје, изјави Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје.

Тој нагласи дека Арсовска покажува неспособност.

„Сандалозно го поништи проектот Бас рапид транзит за ефикасен и еколошки градски превоз. На проектот се работеше цели три години со партнерите од Европската банка за обнова и развој. Но уште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска. Мостот на АСНОМ веќе е во подмината фаза и се што требаше е Арсовска да ја продолжи неговата изгадба. Мостот го олеснува и го намалува спобраќајот за цел Аеродром, но и за Гази Баба.

Мостот на Љубљанска има целосен проект и средства обезбедени од Владата преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош, но и за центар. Ова е несериозно, политикантско однесување на Арсовска која прекинува три капитални проекти единствено заради лични каприци. Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска, покажува неспособност на штета на интересите на граѓаните, на штета на идниот развој на Град Скопје. Два месеца таа единствено што прави е поништување и прекинување на проекти.“, вели Шутаров.

Наспроти ова од ВМРО-ДПМНЕ целат дека Град Скопје е оставен во огромни долгови од расипничкото владеење на СДСМ.
„Петре Шилегов остава долг од 160 милиони евра по најразлични основи. Буџетот на градот е оставен на милост и немилост на добавувачите. Прва и најголема ставка се идни обврски по веќе склучени договори од страна на Шилегов, како и доспеани и недоспеани обврски од 58.140.000 евра. Тоа значи дека градот веќе должи над 58 милиони евра за договори кои Шилегов нелегитимно ги склучувал за во иднина, за кога знаел дека нема да биде градоначалник. Тука спаѓаат трошоци за рекламирање, анкети, невладини организаци блиски на Шилегов, непродуктивни трошења. Дел од овие обврски, како што беше предновогодишното китење на градот, новата градска администрација успеа да ги скрати. Но, остануваат сериозни суми средства кои во понатамошниот период ќе треба да се исплаќаат.

Понатаму, 11.380.000 евра се веќе наменети за отпочнати постапки за склучување на договори по однос на јавни набавки во 2021 година. Градот Скопје има склучено и вкупно 7 договори за заем и можности за идни кредитни задолжувања и тоа 4 договори со Светска банка, 1 со ЕБРД и 2 договори со домашни комерцијални банки и сите тие во вкупна висина од 32.082.374 евра.

Тука спаѓаат кредитите за мегаломанските проекти за мостот АСНОМ кој води до приватни домови и дворови. Проектот за Момин поток каде што нема никакво решение за откуп на приватно земјиште, куќи и стопански објекти.

И проектот без проект, Бас рапид транзит, кој предвидуваше рушење на паркови, опасност за водоснабдувањето на Скопје и хаос во сообраќајот. Само овој последниот проект, освен 70 милиони евра кредит, не предвидуваше дополнителни средства за изградба на потребниот мост помеѓу Карпош и Влае, за дислокација на водоводни цевки, за дополнителни сообраќајни решенија потребни за реализација. Ова се пари фрлени во воздух. Без никаква реална добивка за граѓаните. Со сите овие расходи, доспеани и недоспеани обврски и кредити од банки се во вкупен износ од 158 милиони 196 илјади 797 евра.

Ова се пари кои можеше да се наменат за реални проекти од кои бенефит ќе видеа сите граѓани. Вака, никој сѐ уште не може да знае каде се се трошеле парите на граѓаните. За трошењето на сите средства на градот се води темелна внатрешна ревизија. Доколку се утврдат неправилности, поранешниот менаџмент на градот и јавните претпријатија ќе сносат одговорност во согласност со закон. Парите на граѓаните не смее да се трошат на непотребни желби и хирови на носителите на власта“, изјави денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе