Партиско соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски и Бучковски се гласот на Заев кон Софија

„Георгиевски и Бучковски се истурени играчи на Заев. Нивниот став за Бугарија е и негов. Бучковски кажа дека тезите на Георгиевски за обезличување на Македонија вреди да се разговараат. Бучковски го подржува Георгиевски, а Бучковски е повереник на владата за спорот со Бугарија. Ставот на Бучковски е и став на Заев“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев, Бучковски и Георгиевски имаат за цел да го избришат македонскиот народ и да го престават како нова творба. Тие го обезличуваат нашиот идентитет, јазик и култура. Заев, Бучковски и Георгиевски молчат на сите провокации и мешања во внатрешните работи на Бугарија во Македонија. Заев, Бучковски и Георгиевски се причината поради која Бугарија се чувствува комотна да ја понижува Македонија“, се вели во сопштението на ВМРО-ДПМНЕ..

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе