ВМРО-ДПМНЕ: Фарса на СДСМ и ДУИ, Македонија денеска не почнува преговори

Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ. Нема да дозволиме промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Преговарачката рамка мора да се смени.  Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија.

Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија. Предавникот Ковачевски ја стави државата во потчинета положба, и за тоа мора да има одговорност.

СДСМ ги лажеше граѓаните дека македонскиот јазик е загарантиран и никој не го оспорува. Вистината е дека СДСМ со своите предавнички политики им отвори врата на негаторите на македонскиот јазик и идентитетот постојано да оспоруваат. Последниот доказ за тоа е изјавата на бугарското МНР кое тврди дека за нив македонскиот јазик е непризнат. Ова е огромен дипломатски пораз за Македонија.

Дипломатијата на Ковачевски и Османи дозволи Бугарија да подготви документ поврзан со нашето пристапување во ЕУ, во кој го оспорува македонскиот јазик и го нарекува бугарски дијалект. Тоа е срамно и претставува предавство. Дека оваа власт на СДСМ и ДУИ ништо не загарантирала говори и изјавата на портпаролката на ЕК, што целосно се коси со уверувањата кои ги даваат владините функционери. Ова покажува дека власта на СДСМ и ДУИ водени од болната амбиција за власт, распродаваат и асимилираат се што е македонско.

Предавникот Ковачевски треба да знае дека за овие велепредавства ќе одговара. И ќе има одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе