ВМРО-ДПМНЕ: Двојна победа во Тетово, Ковачевски може да победува само со имагинарен противник

СДСМ и Димитар Ковачевски се целосно делегитимирани на изборите. Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово наспроти поразот на СДСМ покажува дека власта нема повеќе кредибилитет да продолжи да раководи со институциите, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ по саботните локални избори за градоначалник во Маврово Ростуше и Центар Жупа и за советници во Тетово.

„Народот е незадоволен, разочаран и револтиран и се чувствуваат излажани и измамени од власта. Победата на ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА над СДСМ и ДУИ само потврдува дека народот е против оваа криминалната коалиција.

Апсурдно е што СДСМ и Ковачевски поразот го прославуваат како победа, кога резултатот на изборите покажа дека народот е опозициски расположен.

Прославувањето на победа на Ковачевски и СДСМ во Центар Жупа кој притоа беше единствен кандидат и тоа од Демократската партија на Турците во најмала рака е смешно, бидејќи според изјавата на Ковачевси СДСМ таму се борела со имагинарен противник. 

Ова покажува дека Ковачевски може да победува само со замислени противници. И затоа треба да поднесе оставка. Ние имаме најголем број на градоначалници и советници во советите на општините.

Двојно ја победивме  СДСМ во Тетово и докажавме дека сме фаворит меѓу граѓаните. Токму затоа СДСМ бега од предвремени парламентарни избори.

На Македонија ѝ се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро и луѓе кои ќе внесат нова надеж, енергија и сила кои што ќе создаваат нова иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе