ВМРО-ДПМНЕ: Црни рекорди, Филипче мора да даде оставка

Министерот Венко Филипче мора што побрзо да даде оставка од функцијата за да се спасат што повеќе животи. Бројката на починати достигнати скоро 800 лица. Бројката на новозаразени во едно деноноќие достигна до повеќе од 20 проценти од тестираните. Се бележат црни рекори, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Филипче е свесен за ова? Дали е свесен со што се соочуваат граѓаните? Заболените од ковид -19 нема ниту каде, ниту кој да ги лечи. Ветените 16 монтажни болници со кои се пофали Филипче пред изборите на 10 јули ги нема никаде. Мединцинскиот кадар со кој и онака кубури земјава, почнаа да га напуштаат јавните здравтствени установи.

Филипче очигледен воопшто не е загрижен за ситуацијата и ги остави граѓаните сами на себе.

За погрешните политики и катастрофалните последици Филипче мора да поднесе оставка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе