ВМРО-ДПМНЕ: Бислимоски призна, Ковачевски молчи

Maрко Бислимоски, директорот на Регулаторната комисија за енергетика,  призна дека заради лошото управување со ЕЛЕМ и криминалните тендери, народот ќе плаќа поскапа струја, премиерот Димитар Ковачевски молчи. Бислимоски по 5 години на чело на РКЕ на крај беше искрен со граѓаните и призна дека заради слабото производство на струја од страна на ЕЛЕМ се јавуваат огромни потреби од увоз на струја, која е и до 260 евра за мегават час, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само заради лошиот менаџмент со РЕК Битола, хидроакумулациите и другите енергетски капацитети народот сега плаќа 30% поскапа струја, а во најава се нови покачувања.

Конечно некој од власта искрено да ја признае својата неспособност.
Годишните загуби заради недоволното производство на струја од домашните капацитети можат да одат и до 250 милиони евра.
Тие 250 милиони евра, се пари во девизи, кои трајно се одлеваат од Македонија. Тие пари доколку власта добро менаџира со енергетските капацитети би останале во државата и ќе можат да се инвестираат во енергетски проекти, но наместо тоа, тие се одлеваат за купување на скапа струја, а енергетскиот систем е се послаб и послаб.
СДСМ буквално нема план за справување со енергетската криза. Тие конечно треба да си ја признаат својата неспособност и да распишат предвремени парламентарни избори, по кои ќе следи нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја извади државата од криза“, соопшти партијата.


Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе