ТМРО поднесе седум приговори на гласањето во Старо Нагоричане

До Државната изборна комисија ТМРО поднесе седум приговори на изборниот процес во Старо Нагоричане.

„Со класичен „бугарски воз” СДСМ се обидува да дојде до победа и градоначалничко место. Поднесени се приговори на избирачко место 1.156 во Младо Нагоричане, 1.157, 1.178, 1.182  Челопек, 1.183 во Олгуња, 1.176 во Пелинце и 1.181 во Никуља. Овие избирачки места се на вкупно 1.050 избирачи, а предноста на СДСМ е од 240 гласа, па влијае на конечниот резултат. На овие места по првото броење и направен записник, извршено е второ броење со сосема други бројки, кои во вкупниот збир доведоа до првичните резултати. Преку овластен претставник до ДИК поднесовме седум приговори и бараме отворање и броење на гласачките кутии на овие места. Очигледно е дека со изборен фалсификат се краде победата на нашиот кандидат“, соопшти ТМРО. 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе