ТМРО: ЕУ да ги признае Македонците во Бугарија, Албанија, Грција, Косово...

ТМРО ги повикува Македонците денес во 19 часот масовно да излезат пред Владата и да кажат не за антимакедонските штетни договори кои ја обезличија македонската држава. Не за Охридскиот договор. Не за Преспанскиот грчки договор. Не за обезличувањето на МПЦ и вазалниот однос со СПЦ. Не за францускиот предлог со вазален однос кон Бугарија, соопшти денеска ТМРО.

„Бараме ЕУ да го признае македонскиот народ во Бугарија, Албанија, Косово, Србија и да се дадат сите права за Македонците во Егејскиот дел на Македонија како и враќање на имотите на нивните наследници. Македонското прашање е единствено нерешено во Европа и ние бараме негово отворање во глобала“, вели  претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе