Се бара притвор

Татко осомничен за убиство на 3-месечно бебе во Скопје, го удирал со раце и нозе и предизвикал крвавење во мозокот

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Од ЈО информираат дека ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, почнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди, кои предизвикале крвавење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало.

„Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да се обиде да влијае врз сведоците, па дури и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, соопштуваат од ЈО.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе