Поради недостиг на вода за пиење

Струшкиот водовод апелира водата да не се користи за технички и други цели

Јавното претпријатие „Водовод и канализација" од Струга апелира до граѓаните водата за пиење да не се користи за технички и за други цели, за побрзо да се реши проблемот со недостиг на вода во градскиот водовод.

Претпријатието информира дека изворите почнале да се полнат со вода, по дождовите, кои деновиве го зафатија струшкиот регион, што, според соопштението, ќе го реши проблемот со кој стружани се соочуваат подолго време.

„Ограничувањата наметнати од нашето претпријатие овозможија да се намали проблемот со недостиг на вода, затоа ги молиме граѓаните да пријават каква било можна злоупотреба на вода за пиење. Во наредните денови очекуваме состојбата да биде стабилна и ваквите проблеми да не се повторуваат", соопшти ЈП „Водовод и канализација".

Поради недостиг на вода за пиење стружани подолг период имаат прекини или намален притисок во снабдувањето. ЈП „Водовод и канализација" прави рестрикции од 22 до 5 часот. Во понеделникот водата за пиење беше заматена, поради што беше препорачано таа да не се пие.
За сабота е најавен протест поради проблемот со рестрикциите на водата.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе