ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Сопругата на Бочварски и нејзината сестра згрижени во штипската болница директно „од клупа“

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска продолжи со објавување на податоци за непотизмот во власта. Тој вели дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од „антимакедонската клептоманска СДС, на најбрз можен начин ја вработува сопствената сопруга. Само еден месец по свадбата сопругата на Бочварски добива работа во штипската болница. Тоа што дополнително боде очи во овој случај е што во исто време, во ист ден, во штипската болница се згрижени и сопругата на Бочварски и нејзината сестра“.

„За да работата биде појасна Маринела Серафимова сега Бочварска и нејзината сестра Мартина Серафимова во оваа болница се вработени, како велат во Штип, веднаш од клупа по дипломирање, односно по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа. Оттука, Благој Бочварски должи одговори:

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистички оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се згрижени во штипската болница се директно „од клупа“ веднаш по дипломирањето и без тримесечен стаж?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипската болница без оглас распишан од болницата?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра немале шестмесечен работен стаж во приватна установа пред да бидат вработени во штипската болница без оглас?

Дали е точно дека Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработени во штипската болница?

И последно, дали и како е можно без работен стаж од шест месеци, згрижена во јуни, сопругата на Бочварски да користи годишен одмор во август?

Благој Бочварски нема одговор зошто не е готов автопатот Скопје - Блаце што требаше да биде завршен, ниту автопатот Кичево - Охрид којшто исто така требаше да биде завршен, нема ниту изграден современ пат до Прилеп и Битола. Ништо од секторот на миленикот и протежето на Зоран Заев не е сработено и изградено, ама затоа за неговата сопруга и за нејзината сестра итно е отворена работа во штипската болница. Нема градба, нема капитални инвестиции, одговор од Бочварски затоа нема, бидејќи одговорот веројатно е едноставен, човекот се грижи за семејните вработувања. Здравството е во колапс, луѓе умираат во болничките ходници дури и на клупите пред болниците, ама затоа министерските семејства мора да бидат на буџет. Потребни се оставки, потребно е одговорност, потребни се итни избори“, изјави Стоилковски.

 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе