ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: РЕК Битола прави набавка од фирма на директор на ТЕЦ Неготино

Нема крај на криминалите и сомнителните зделки во електро енергетскиот систем воден од СДС. Ова е договор тежок 632.000 евра  со којшто РЕК Битола набавува од семејна фирма на директорот на ТЕЦ Неготино. Тој е единствен понудувач, а според РЕК Битола, „оваа набавка е неопходна за превенција за заштита од емисии на прашина на отворено, особено при високи температури, суво и ветровито време“, така е наведено во одговорот од РЕК Битола за медиумите, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што веќе е објавено во јавноста, На 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДС, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс“ со седиште во Пепелиште. Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ. „Хем алијанс“ се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува ‘чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)’. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски.

Со владина одлука од 14 јуни, ТЕЦ Неготино АД во сопственост на државата е присоединето со АД ЕСМ, а во тек било склучувањето на спогодбата за присоединување. Е па почитувани, јасна е намерата, уште повидлив е судирот на интереси.

Оттука прашуваме: Зошто во услови на тешка криза енергетска и финансиска сега се прави набавка за суви, топли денови? Дали причината е токму присоединувањето на ТЕЦ Неготино, управувано од кадар и функционер на СДС со АД ЕСМ, односно да се фати последниот воз за набавка? Дали сега кога имало само еден понудувач не можело да се прекине постапката? Дали не било потребно да се запре постапката ако се има предвид дека единствен понудувач е семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино? Според медиумите, од РЕК Битола velat deka ‘немало судир на интереси’ што директно отвора сомнеж дека во компанијата точно знаат за што се работи и дека работата не е до крај чиста.

Со електроенергетскиот систем воден од  СДС, РЕК Битола набавува од семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино, а двете се дел од АД ЕСМ. И РЕК Битола и ТЕЦ Неготино се водени од високи функционери на СДС.

Системот, односно институциите како ДКСК и ЈО веднаш би требало да отворат истрага и да одговорат дали ова не е судир на интереси и дали ова не е директно прелевање на буџетски пари кај партиски функционери.

Секој ден со СДС на власт државата тоне се подлабоко во кризи и сиромаштија предизвикани од криминал и корупција на власта. Потребни се избори веднаш“, рече Стоилковски.

МКД.мк за оваа афера го објави текстот под наслов „Мажот е директор на ТЕЦ Неготино, а сопругата со РЕК Битола потпишува договор вреден 630 илјади евра“ на 17 ноември.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе