Демант

СОЗР: Нашите вработени беа логистика на меѓувладината седница во Софија

Дезинформација е дека шесте вработени лица во Службата за општи и заеднички работи при посетата во Бугарија биле прикажани како новинари. Тие присуствуваа заради извршување на работни задачи согласно наведениот заклучок на Владата, и за истите не е направен дополнителен трошок, се вели во демантот на СОЗР.

Службата за општи и заеднички работи на Владатагидемантира информациите објавени во дел од медиумите за наводното прикривање на вработени лица во СОЗР како новинари при посетата во Софија заради одржувањето на заедничката седница на македонската и на бугарската влада.

Шесте вработени лица во СОЗР при посетата во Бугарија присуствуваа заради извршување на работни задачи - организација и поддршка на активностите на нашата делегација, во која беа и медиумски претставници, на заедничката седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија.

Согласно заклучокот од 4-та седница на Владата одржана на 20 јануари, Службата е задолжена да ги преземе сите потребни активности и координација во врска со сместувањето и превозот на новинарите кои ќе присуствуваат/известуваат на заедничката седница помеѓу владите, која се одржа на 25 јануари“, се вели во реакцијата на СОЗР.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе