Советот на амбасадори цврсто ги поддржува констатациите на амбасадорот на САД Агелер, на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и на амбасадорите на некои земји членки на Унијата дека на правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот.
Советот на амбасадори ја повикува Владата, раководителите на органите на Владата, државните институции како и лидерите и членството на сите политички партии од власта и опозицијата, да се борат против минатата и сегашна корупција во нивните редови за конечно државата да оди кон вистински економски, социјален, финансиски, културен и секаков прогрес од сега до иднината.