Соопштени добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор е овогодишен добитник на државната награда „Св. Климент Охридски“ во областа на воспитанието и образованието. Во областа на културата и уметноста наградата оваа година им се доделува на академик Влада Урошевиќ, писател и Исмет Рамиќевиќ, ликовен уметник. Во областа на здравството, наградата му се доделува на проф. д-р Сашко Јовев, кардиохирург, соопшти денеска Секторот за следење, развој и логистичка поддршка при Министерството за култура.

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски", во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ" бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ" бр. 98/19), и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 3.11.2022 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски" за 2022 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес, се вели во соопштението.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември во 12 часот во свечената сала на Собранието на Македонија.

Претседател на Одборот за државната награда „Св. Климент Охридски" е академик Газанфер Бајрам.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе