Нова донација

Швајцарија ќе му помогне Собранието со нова мрежна опрема

Во рамки на Програмата за Парламентарна поддршка на македонското Собрание финансиски поддржана од страна на Швајцарката Конфедерација, склучен е договор за јавна набавка на мрежна опрема – хардвер и софтвер.

Како што информира собраниската прес-служба, потребата за оваа набавка е со цел зголемување на квалитетот на работата на Собранието, особено во делот на можностите за неговата отвореност и транспарентност кон граѓаните.

„Благодарение на нашите пријатели и поддржувачи го трансформираме Собранието за сите наши граѓани да имаат отворена, одговорна и инвентивна законодавна власт", стои во соопштението.

Вредноста на набавката е околу 11,5 милиони денари без пресметано ДДВ, а критериум за додлување на договорот е најдобар однос меѓу цена и квалитет.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе