Шанса за центар се сретна со граѓани во Капиштец: „Населбата е под притисок“

Капиштец е делот од нашата општина со поквалитетна урбана инфраструктура, но и таа се тенчи под притисокот на наглото зголемување на бројот на згради и на жители на почетокот на улицата Васил Ѓоргов и од спротива, на улицата Козара, порачува Шанса за Центар.

Улицата Козара е последниот огромен пример на непланско и масовно градење без да се запазат основните критериуми кои треба да овозможат пристоен живот. Луѓето што ги населуваат новите објекти и кои ќе се вдомуваат во новите згради немаат основен јавен простор, зеленило, ниту простор за движење, рекреација и за паркирање на автомобилите. Со тоа, нивниот единствен избор за некаква содржина надвор од домовите сѐ повеќе ќе биде паркот во Капиштец. Жителите, пак, на блоковите околу овој парк сметаат дека голем проблем е бучавата што доаѓа од рестораните и кафулињата по должина на улицата Народен фронт и хроничниот недостиг од паркинг-места за станарите.

Шанса за Центар преку Советот на општина Центар ќе иницира поставување на сензорска мрежа, која, како и онаа за загадување на воздухот, ќе го мери нивото на бучава на сите критични локации во општината со што ќе се овозможи постојана контрола на загадувањето од бучава кое има сериозни последици по здравјето на граѓаните. Со овие податоци ќе може постојано да се санкционираат сите кои не ги почитуваат ограничувањата. Дополнително, предвидуваме сите поголеми извори на бучава да бидат оградени со бариери и вегетација со што ќе се ограничи ширењето на буката.

Во однос на паркирањето сметаме дека општинското претпријатие ПОЦ треба да воведе поостри критериуми при доделувањето на паркинг картички со оглед на тоа што сега бројот на издадени картички двојно го надминува бројот на паркинг места во општината. Затоа, во Советот ќе иницираме контрола на сите постоечки катни гаражи во општината за да се утврди дали нивната изведба е соодветна на градежната дозвола, односно, дали гаражите го имаат паркинг просторот за кој биле планирани со оглед на тоа што во повеќето, иако се работи за гаражи, има значаен деловен простор. 

Луѓето од Капиштец сметаат дека голем проблем е што локалите постојано го истураат својот отпад (кој вклучува и остатоци од храна), во комуналните контејнери за смет па тие се секогаш преполнети и од нив се шири лоша миризба. Шанса за Центар смета дека мора остро да се разграничи отпадот од домаќинствата со оној од угостителските објекти и маркетите. Комуналните служби за локалите и маркетите мора да обезбедат посебни садови за нивниот смет и целосна селекција на отпадот на органски и на оној кој може да се рециклира и повторно употреби како материјал.

Жителите на Капиштец ни рекоа дека не се задоволни како се одржува урбаната опрема во нивното соседство, осветлувањето и системите за наводнување, бидејќи велат дека не се сервисираат редовно туку во кампањи на неколку години. Ова се основните дејности со кои службите на општината мора да се бават на секојдневно ниво, а со постојано одржување на опремата таа е потрајна, а општината ќе ги штеди свои ресурси за набавка на нова.

Со Шанса за Центар во Советот на општината, граѓаните ќе имаат цвои претставници во општината за таа да може побрзо да се реформира во сервис на граѓаните која ќе биде постојано достапна и посветена на решавање на проблемите. Советот на општината е вистинското место од каде треба да почне оваа промена.

Кандидатите на Шанса за Центар за Советот на општина Центар го имаат знаењето и мотивацијата да се посветат на подобрување на квалитетот на живот во нашата општина.

Дај си шанса, заокружи 83, велат од Шанса за Центар.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе