СДСМ: Зголемениот број заразени со ковид е аларм за доследно почитување на протоколите и мерките

Состојбата со пандемијата со коронавирусот е сериозна, бројките кои континуирано растат се загрижувачки и ова е аларм за сите, без исклучок, за доследно почитување на ковид протоколите и на превентивните мерки – носење заштитна маска, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете, порачува СДСМ во денешното соопштение.

„Соочени сме со нов бран на пандемијата, кој се случува насекаде во земјите во регионот, во Европа, значително се зголемува бројот на новодијагностицирани случаи, но ова е очекувана состојба и соодветно на тоа се подготвени капацитетите.

Владата предводена од СДСМ ги усвои препораките од Комисијата за заразни болести со цел поголема заштита на јавното здравје, на здравјето на секој еден граѓанин. Мерките кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од 4 лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство на четворица гости, покрај членовите на семејството. Веќе им се зголемени ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите“, пишува во соопштението.

Од партијата додаваат дека „борбата против коронавирусот е заедничка, на сите граѓани и на сите институции, сите заедно мора да бидеме свесни и одговорни, за да ја добиеме оваа војна со невидливиот непријател“.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе