Реакција

СДСМ: Заради хаосот во Скопје Мицкоски да се покрие од срам

СДСМ денеска реагира на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој изјави дека премиерот и градоначалничката на Скопје опдржуваат тајни средби, но не за да го решаваат проблемот со јавниот превоз во Скопје. Од СДСМ му прачуваат да се покрие од срам затоа што хаосот е токму од него предизвикан.

„Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија ВМОР-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје. Зарем мисли дека со измислици за тајни средби Мицкоски ќе се отргне од одговорноста за хасото во главниот град?

Не ја чекаше Ковачевски со трубачи Арсовска пред СДСМ туку Мицкоски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Токму Мицкоски ја фалеше Арсовска, одеше по митинзи и ја промовираше дека ќе била најдобриот градоначалник на Скопје Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги собраа потписите за кандидатурата на Арсвоска и ги убедуваше скопјани да гласаат за неа.

Токму Мицкоски ветуваше 100 нови електрични автобуси во Скопје, заедно со Арсовска ветуваа бесплатен превоз и модерно Скопје. И што направија?,Хаос во главниот град.

Наместо бесплатен јавен превоз нема превоз, наместо електрични автобуси и тие што ги има не возат. Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија во Скопје, тој, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска заедно“, се вели во партиската реакција.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе