СДСМ: За вториот круг ја обединуваме целата владина коалиција

Влегуваме во борба за конечна победа во втор круг во сите преостанати општини. На крајот, СДСМ и коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, пишува во денешното партиско соопштение.

„СДСМ и Коалицијата ‘Најдоброто за мојата општина‘ победуваат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во државата.

СДСМ победи и победува во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пробиштип, Пехчево, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово Ростуша, Чашка, Росоман, Старо Нагоричане, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, како и огромна победа против ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Поддршката која ја добивме во првиот круг е сериозна. Тоа се стотици илјади гласови на народот. Тоа за нас е обврска и таа обврска ние ќе ја исполниме и нема да застанеме и да дозволиме на некого земјата да ја враќа назад. Пред нас е сериозна борба“, соопштија од СДСМ.

Оттаму додаваат дека влегуваат во вториот круг во вкупно 36 општини, плус Градот Скопје, како и дека СДСМ и коалицијата во вториот круг победуваат во најголем дел од општините и Град Скопје.

„Влегуваме во борба за конечна победа во втор круг во сите преостанати општини. На крајот, СДСМ и коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција.

За вториот круг ја обединуваме цела владина коалиција, за вториот круг се обединува прогресивниот глас и влегува во борба за она што со труд заедно со народот го обезбедивме. Коалицијата на партиите кои ја сочинуваат централна власт, а тоа е владината коалиција составена од СДСМ, ДУИ, ЛДП, ДОМ, БЕСА, ДПА, Бошњачкиот сојуз и другите партии, оваа коалиција на прогресот и напредокот се обединува и влегува во борба за мнозинства во најголем број од советите на општините низ државата“, се додава во соопштението.

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе