Реакција на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ за Мицкоски: Toj нема чувство за државништво и одговорност

Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, идентитетските прашања се заштитени, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес, но ова Мицкоски упорно не сака да го види и заради политички интерес се обидува да претстави нешто различно, реагира СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од која тој порача дека не го прифаќа новиот француски предлог за кој рече дека е истиот како и претходниот предлог кој ги застапуваше бугарските барања.

Започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како што беше ветено, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја, велат од СДСМ и порачуваат дека на тој начин јасно потврдиле дека нема ништо ниту тајно, ниту скриено во овој процес, но и дека овој предлог е вреден за широка дебата и добра можност за кончено отпочнување на преговорите со ЕУ.

„Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет. Тоа Мицкоски ниту го имал, ниту ќе го има. Мицкоски сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести“, нагласува СДСМ во реакцијата.

Партијата вели дека Мицкоски со месеци барал предлозите да се консултираат со него и со опозицијата, а сега, како што е наведено во соопштението на СДСМ, кога ја има можноста тој од тоа бега.

„Повеќе од јасно е дека Мицкоски никогаш не сакал и немал интерес за конструктивен дијалог, туку го интересирал само личниот интерес. Тој не сака јавноста, политичките партии, експертите, граѓанските организации да го искажат својот став за предлогот, туку да го наметне својот недржавнички став.

Неговата цел никогаш не била државата ниту иднината на граѓаните. Неговата цел никогаш не бил македонскиот идентитет, македонскиот интерес. Единствено Мицкоски сака да предизвика некоја штета, ако може да за закочи државата, да доживеа некаков неуспех, да биде заглавена

Оттука, СДСМ нема да навлегува во сите изнесени невистини и неодоговорно пласирани небулози од страна на Мицкоски.

Сметаме дека сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа и дека токму процесот на широки консултации ќе ги демантира и овие наводи кои денеска ги изнесе Христијан“, пишува во соопштението.

СДСМ ги повикува сите општествени чинители, сите политички партии, да продолжат со својот придонес, да се вклучат во консултациите и заедно да се донесе одлуката.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе