„Јавниот превоз е во колапс, приватните превозници штрајкуваат и не возат, а ЈСП тоне во долгови и сето тоа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска. Нема ниту еден нов проект, а намерно свесно не се продолжуваат проектите наследени од претходната градска власт предводена од СДСМ. Каде и да пипне ВМРО-ДПМНЕ прави хаос.
Од таквата неспособност и неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму граѓаните на Скопје.
Градоначалничката Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се најголемо разочарување за скопјани“, се вели во соопштението.