Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не бега од дебата и да се откаже од крвавите сценарија на проруската Левица и Алијанса

Собранието е место за дебата и одлука околу заклучоците за европскиот предлог, а Христијан Мицкоски покажува дека сака да избега од собраниската јавна дебата, реагира СДСМ на изјавата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од дебата за вакво важно прашања за иднината на нашите граѓани и нашата држава покажува дека се плашат од вистината, се плашат дека ќе пропаднат сите негови лаги и измислици. 

Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес. 

ВМРО-ДПМНЕ да не бега туку да учествува во дебатата во Собранието, а дотогаш да се откаже од блокадите, деструкциите и крвавите сценарија со проруската Левица и Алијанса, кои не им успеаја”, пишува во реакцијата од СДСМ. 

Од партијата порачуваат дека пратениците од сите политички партии имаат одговорност да работат за граѓаните, а не за нечии туѓи интереси, и да обезбедат европска иднина на државата со зачуван македонски идентитет.

 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе