СДСМ: Успешно се менаџира и кризата

Владата предводена од СДСМ на дело ја спроведува енергетската транзиција, се зголемува производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори, а успешно се менаџира и енергетската криза. Сите домашни производствени капацитети на електрична енергија се целосно ангажирани за нашата држава да не зависи од увозот на скапа струја, соопшти СДСМ.

„АД ЕСМ постави фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати. На местото на некогашниот загадувач РЕК Осломеј преку неколку други инвестиции ќе се постават фотонапонски електрани со вкупна моќност од 120 мегавати.

Потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, но и соларниот парк Стипион во Штип.
Со одлуката за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, обезбедуваме трајно, стабилно и непречено снабдување со природен гас.
Освен реализација на капитални инвестиции, Владата предводена од СДСМ успешно ја менаџира и енергетската криза која ја зафати цела Европа.
Преку субвценионирање на цената на електричната енергија и со намалувањето на ДДВ за електрична енергија просечно домаќинство сега заштедува близу 2.200 денари месечно за струја.
Не дозволивме енормен раст на цените на горивата, со намалувањето на акцизите и ДДВ-то денес имаме најниска цена на нафтени деривати во регионот и Европа.
СДСМ продолжува да се грижи за граѓаните и економијата, продолжува да инвестира во обновливи извори не енергија кои ќе придонесат за целосна енергетска независност“, соопшти СДСМ.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе