СДСМ: Состојбата со коронавирусот е многу сериозна, мерките мора да се почитуваат

Бројката на новозаразени со корнавирусот во цела Европа, во земјите од регионот и кај нас, континуирано расте во есенскиот бран на пандемијата, а најдобра и најефикасна заштита на личното и јавното здравје е почитувањето на ковид протоколите, носењето маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција, соопшти СДСМ.

„Не смееме да дозволиме нашиот здравствен систем да не биде во состојба да му овозможи нега секому кому е тоа потребно затоа што капацитетите се искористени.

Почитувањето на мерките, носењето маска, држењето дистанца и редовната дезинфекција остануваат најдобри начини сите да помогнеме тоа да не се случи.

Заради поголема заштита на јавното здравје, Владата усвои нови мерки кои ќе стапат на сила откако ќе се усвојат законските измени во Собранието.

Состојбата со коронавирусот е многу сериозна,  а во која насока ќе одиме и колку брзо ќе се стабилизира, овој удар на вирусот зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и протоколи.

Ова е заедничка борба на сите граѓани и сите без исклучок мора строго да ги почитуваме мерките за заштита на личното и јавното здравје  – носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција“,се вели во соопштението на СДСМ.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе