Реакција

СДСМ: Разбирливи се нервозата и очајот кај Мицкоски по третиот последователен пораз

Мицкоски не успеа, твоите незрели политики се поразени по трет пат од граѓаните, татковината продолжува напред со Зоран Заев, порача попладнево Социјалдемократскиот сојуз.

Разбирлива е нервозата и очајот кај Христијан Мицкоски по третиот последователен изборен пораз што го доживеа, вели СДСМ во соопштението.

Но и месец и половина од изборниот пораз, Мицкоски сè уште не може да се помири со тоа што граѓаните уште еднаш го казнија за неговото незрело, несериозно и неодговорно однесување.

Губитникот Мицкоски по секој пораз бара алиби, се заканува со протести што потоа мора да ги откажува затоа што граѓаните одамна не му веруваат.

Колку и да му е тешко, Мицкоски мора да сфати дека граѓаните не сакаат незрели, неодговорни политичари како него, кои го штитат криминалот и работат спротивно на интересите на граѓаните.

Мицкоски не успеа. Твоите назадни, незрели и антидржавни политики се поразени од граѓаните трет пат по ред.

Самиот Мицкоски јавно даваше збор дека ќе поднесе оставка ако не успее да победи и да состави влада, затоа денеска нека не глуми прогнозер.

Татковината продолжува напред, на чело со Зоран Заев и СДСМ, поразениот Мицкоски останува назад.

Во полн четиригодишен мандат продолжуваме уште повеќе и уште подобро, заедно со граѓаните, вели СДСМ.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе