СДСМ: Растот на БДП и на извозот покажуваат дека економијата е стабилна

Бројни статистички податоци и економски параметри потврдуваат дека економијата е стабилна и подготвена за справување со сите предизвици.  Бруто-домашниот производ бележи раст од три отсто во третото тромесечје, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Бележиме и сериозен раст на извозот кој во периодот јануари - октомври е зголемен за 29% во споредба со истиот период од 2020 година. Сите овие официјални податоци ја покажуваат успешноста на економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ. 

СДСМ како одговорна партија која се грижи за граѓаните, преку институциите што ги предводи, континуирано презема мерки кои значат заштита и подобрување на економскиот стандард на граѓаните.

Во таа насока е и владината одлука за замрзнување на цените на основните продукти до 31 јануари 2022 година. Покрај цените на лебот, брашното, зејтинот, млекото, сирењето и сувомеснатите производи, се замрзнува и цената на оризот, јајцата и тестенините. И во 2022 ќе продолжи да расте минималната плата, за што веќе се договара со синдикатите и бизнис секторот, а ќе продолжи и зголемувањето на пензиите, со цел обезбедување повеќе пари во семејните буџети и подобрување на квалитетот на животот.

По однос на енергетската криза и најавеното зголемување на цената на струја, државата е подготвена да им помогне на најранливите категории граѓани, преку субвенционирање на сметките за струја. 

Како одговорна партија продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните, продолжуваме со реализација на мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани“, соопшти СДСМ. 

 

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе