СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ летува по луксузните хотели во Монте Карло и Црна Гора

ВМРО-ДПМНЕ е пример за лицемерие, за дрско и безобразно лажење на граѓаните. Додека глумат загриженост за економската состојба и животниот стандард партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни хотели и плажи во Монте Карло, во екслузивни ресорти во Црна Гора и други монденски дестинации, соопшти СДСМ.

„Ете колку раководството на ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните, ете како го замислуваа протестното лето со кое го лажеа првенствено своето членство, а потоа и граѓаните.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, раскалашеност, безобразност и лицемерност, беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.  

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе