СДСМ: Протестите беа неуспешен обид за рушење на Владата, а не за европскиот предлог

Протестите на антиевропската коалиција предводена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица не беа против последниот европски предлог туку нивната заднина беше неуспешен обид за рушење на Владата, пишува СДСМ во утринското соопштение.

„Сега кога информацијата за европскиот предлог е во Собранието, сите тоа јасно можат да го видат.

Крвавите сценарија со намерно создавање тензии, конфликти, загрозување на стабилноста во државата се всушност борба за гола власт.

За свои лични цели, Мицкоски заедно со Апасиев беше подготвен да ја втурне целата држава во конфликт, преку опасно, мрачно и крваво сценарио за граѓански судир и етнички конфликт. Не успеаја овие сценарија кои беа помогнати и од Алијанса.

Сега е одговорност на Собранието и избраниците на граѓаните да донесат одлука за иднината”, се наведува во соопштението. 

Од партијата порачуваат дека сите политички чинители во државата сега треба да покажат одговорност, да придонесат важната државна одлука да биде донесена во демократска атмосфера.

„Сериозни времиња бараат одговорни политичари”, велат од СДСМ.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе