СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа да создадат нови поделби. Со усвоените Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека во нив нема ништо спорно, затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата по бугарски терк, како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската но и до бугарската влада.

Ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија.

За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност“, соопшти СДСМ.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе