Реакција

СДСМ: Поканата од Вселенскиот Патријарх беше до Заев, тој сам си ги плати трошоците

ВМРО-ДПМНЕ нема елементарна свесност за тоа што е важно за државата, Вселенскиот Патријарх упати директна покана до Заев додека беше премиер, реагира СДСМ на изјавата на портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски.

„ВМРО-ДПМНЕ соочени со извесен убедлив пораз на изборите и очај од немање на програма остануваат заглавени во деструктивната матрица. ВМРО-ДПМНЕ нема елементарна свесност за тоа што е важно за државата и граѓаните.

Денеска, премиерот Оливер Спасовски, придружуван од претседателот на СДСМ, Зоран Заев имаше средба со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул. Средбата е резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упати до Зоран Заев додека тој беше премиер на Република Северна Македонија, а  во меѓувреме, додека се договараше нејзината реализација, Оливер Спасовски беше избран за премиер во преодната влада.

Сите трошоци за патувањето со комерцијален лет, сите трошоци за сместувањето беа подмирени лично од претседателот Заев, нешто што беше незамисливо за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ”, соопшти СДСМ.

Ова, според партијата, ја покажува јасната разлика меѓу, како што велат, одговорниот, државнички однос на Зоран Заев и СДСМ и деструктивното однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе