СДСМ: Петти пакет мерки за помош за занаетчиите

Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ активно и посветено работи на спроведување на економските мерки и политики што обезбедуваат помош и поддршка за сите граѓани и компании погодени од последиците од коронакризта, се вели во соопштението на социјалдемократите.

„Во тек е реализација на петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра насочен кон спасување на работни места, поддршка за домашните компании и подобрување на ликвидноста на стопанството. Со мерките од овој пакет им се помага на самостојните вршители на дејност  на регистрираните занаетчии.

На регистрираните занаетчии им се овозможува решенијата за аконтативно плаќање на персоналниот данок да им бидат намалени за 50% во 2021 година споредбено со решенијата од 2020 година.

Преку мерката 6 од овој пакет обезбедуваме финансиска поткрепа за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување на плаќање на данок на личен доход до 30 јуни 2021 година. Вредноста за оваа мерка е 15 милиони денари, а таргет група се самостојните вршители на дејност кои согласно Законот за данок на личен доход беа ослободени од плаќање на аконтации до 31 март 2021.

Како одговорна партија покажува континуирана грижа и обезбедува помош и поддршка за работниците, граѓаните и стопанството. Продолжуваме со нови мерки и политики што носат дополнителни можности за рестарт на македонската економија и шанса за сите“, соопшти СДСМ.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе