„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш, ама секогаш е против функционален судски систем. Проблемот со недостаток на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите кои директно водат до Белиот дворец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира собраниската Комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети.
Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат.нНе е првпат ВМРО-ДПМНЕ да се однесува агресивно и деструктивно кога се работи за закони за правдата, така се однесуваше и при носењето на Законот за Јавно обвинителство, го блокира и Законот за Академија за судии и јавни обвинители“, се наведува во соопштението.