СДСМ: Мицкоски стои зад блокадите и хаосот во Скопје

Христијан Мицкоски е тој кој стои зад блокадите на приватните превизници и хаосот што му е случува на Скопје. Мицкоски исто како и Ленин Јовановски пред локалните избори ја промовираа и поддржуваа Данела Арсовска и од граѓаните бараа поддршка за неа, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Арсовска победата со трубачи ја славеше во Белиот дворец, рамо до рамо со Мицкоски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ. Кај ВМРО-ДПМНЕ е сета одговорност за прекин на блокадите.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Градското собрание, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во сите управни одбори на јавните градски претпријатија, вклучително и во Јавното сообраќајно претрпијатие.

И наместо да преземат мерки за прекин на блокадите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дрско ги малтретираат скопјани.

Втор ден, Градот е целосно парализиран, илјадници граѓани не можат навремено да стигнат до своите работни места, до здравствените установи, до училиштата и факултетите, а потешкотии во движењето имаат и возилата на Итната медицинска помош и противпожарната бригада.

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Арсовска се главните виновници што Скопје е блокиран град“, соопшти СДСМ.

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе