СДСМ: Мицкоски повторно шири лажни вести на штета на државните и национални интереси

Христијан Мицкоски повторно ја презема улогата на докажан извор на лажни вести и потврден деструктивец кој работи на штета на државните и националните интереси. Мицкоски синоќа излажа дека  дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија во работата и записниците на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, иако оваа лага експресно беше демантирана токму од Комисијата, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Да, Мицкоски уште еднаш излажа. Да, тој е истиот Мицкоки кој лажеше дека државата ни се распрачувала, истиот Мицкоски кој лажеше дека државата немала тестови за коронавирусот, дека лекарите немале заштитна опрема. Да, тој е истиот Мицкоски чии профили на социјалните медиуми беа индетификувани како извор на лажни вести во студија финансирана од ЕУ.

Тоа е Мицкоски, лажни вести, дезинформации, деструкции, тоа е се што им нуди на граѓаните. Затоа губи шест пати на избори, затоа уште долго ќе остане во опозиција“, соопшти СДСМ.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе