Реакција

СДСМ: Мицкоски покажува дека нема државнички капацитет

За вакво исклучително важно прашање, од највисок државен и национален интерес,  Христијан Мицкоски  покажува дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност, се вели во реакцијата на СДСМ по синоќешното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за новиот француски предлог.

„Оттука, СДСМ нема да навлегува во сите изнесени невистини и неодоговорно пласирани небулози од страна на Мицкоски.

Сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа. Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет.

Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме. Целосно го исполнуваме ветеното.

Во модифицираниот предлогот имаме чист македонски јазик и историски прашања надвор од рамката.

Ветивме дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата. Сега е тоа време и како што ветивме го започнуваме. Секако дека денеска ќе бидат изнесени детали за предлогот кој е доставен вчера.

Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излегува во јавноста.  Сето ова е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски.

Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации.

СДСМ ги повикува сите општествени чинители, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката“, соопшти СДСМ.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе