СДСМ: Мицкоски не успеа да ги одбрани криминалите во своите редови

Градиме силна правна држава, во која редот, правдата и дисциплината на сите нивоа се приоритет. Пропаднаа сите обиди на губитникот Христијан Мицкоски да го одбрани криминалот и да ја спречи правдата. Случајот со Мијалков е последниот пораз на Мицкоски, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Сѐ што прави Мицкоски е да го заштити Груевски, да ги заштити Мијалков, Камчев, Милошоски, Димовски, Јанушев и сите останати сегашни и поранешни функционери на ВМРО- ДПМНЕ, против кои се водат процеси пред надлежните судови.

Сите блокади, кочници, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ се обиди да се спасат криминалците во нивните редови. Токму затоа Мицкоски беше против носење на Законот за Јавно обвинителство со што предметите на СЈО добиваат судска разрешница, токму затоа Мицкоски застана во одбрана на осудените за 27 април.

Не успеа Мицкоски да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија за шеф на ВМРО-ДПМНЕ и останува осамен на браникот на криминалот.

Патот на правдата е чист и сѐ почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда и на силен одговор од институциите за сите кои се ставаат над Законот. Ред, правда и дисциплина има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се одговара“, соопшти СДСМ.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе