Реакција

СДСМ: Мицкоски не го знае Уставот

Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право. Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека до Собранието ќе поднесат предлог-одлука за разрешување на министерот и заменик министерот за здравство.

„Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница. На Мицкоски очигледно не му кажале каква се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози. Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите“, соопшти СДСМ.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе