СДСМ: Мицкоски наместо да се огради, го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

И покрај бројните судски пресуди за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив и последната за предметот Талир 2, Христијан Мицкоски упорно не се оградува од криминалот на неговата партија, соопшти СДСМ.

Тоа, според партијата, само кажува дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски и дека е на страната на криминалот.
„По судската пресуда за Талир 2 каде се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ криминално се стекнала со имот, најмалку што можеше да направи Мицкоски е да се огради и извини за криминалните зделки од епски размери. Но наместо тоа Мицкоски по секоја цена го брани криминалот на неговата ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во соопштението од СДСМ.
Оттаму порачуваат „наместо да го брани криминалот на свои функционери, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги врати украдените пари не само од случајот Талир 2 туку и сите други украдени пари“.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе