Реакција

СДСМ: Мицкоски јавно призна дека е против ЕУ

Денеска Христијан Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија, реагира СДСМ на изјавата на МИцкоски на денешниот протест пред Владата.

„Со денешното признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ. 

Денеска Мицкоски дејствуваше заедно со својот коалициски партнер Левица, предводена од Димитар Апасиев која е единствената партија со отворена поддршка за руската агресија врз Украина. 

Лажните вести што синхронизирано се шират овие денови на дело ја потврдија и анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Мицкоски и Апасиев се само истурен дел од оваа коалиција чија цел е државата да биде закочена, да има тензии и да бидеме оддалечени од демократскиот свет“, соопштија од СДСМ.

Оттаму додаваат дека протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но процесот на широки консултации сѐ уште е во тек со сите политички и општествени чинители.

 

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе