Реакција на владејачката партија

СДСМ: Интерпелацијата за Димитров продолжение на деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ

Интерпелацијата за вицепремиерот Никола Димитров е само продолжение на деструктивноста и очајот на ВМРО-ДПМНЕ и докажаниот губитник Мицкоски, а Димитров ужива целосна доверба од пратениците на мнозинството, затоа што се бори за државните интереси, реагира СДСМ на интерпелацијата поднесена во Собранието од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

Интерпелацијата за вицепремиерот Никола Димитров е само продолжение на деструктивноста и очајот на ВМРО-ДПМНЕ и докажаниот губитник Мицкоски. Затоа доживуваат порази од граѓаните, одново и одново. Никако да ги научат лекциите, се вели во соопштението на СДСМ.

„Во клучни моменти за стратешките интереси, дали станува збор за членството во НАТО, дали за членството во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени само на ширење лажни вести, хистерија и поткопување на државните интереси. За потсетување, интерпелација за Димитров имаше и минатата година. Тогаш, одвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за неа. Исто ќе биде и оваа година", реагира СДСМ.

Владејачката партија смета дека оваа интерпелација ќе биде уште еден пораз за ВМРО ДПМНЕ, зашто, како што пишува во соопштението, Димитров ужива целосна доверба од пратениците на мнозинството и се бори за државните интереси.

„Се додека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат вака неодговорно кон институциите, кон граѓаните и државата, ќе останат таму каде што се, во опозиција", се вели на крајот од реакцијата.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе